Заев се сретна со новоименуваната амбасадорка на ОБСЕ

0
858

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со новоименуваната амбасадорка, шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Соумалаинен.

На средбата, како што соопштуваат од СДСМ, се зборувало за актуелната состојба во Република Македонија како и за соработката со мисијата на ОБСЕ.

Screenshot_4

Заев ја запознал амбасадорката Соумалаинен за причините да политичката и државната криза како и за излезните решенија договорени со меѓународно посредништво.

Лидерот на СДСМ рекол дека мора да има целосна имплементација на договореното од 2-ри јуни и од 15-ти јули затоа што од тоа зависи решавањето на политичката криза и изразил надеж дека деновиве ќе се изнајде законското решение за Специјалниот јавен обвинител.

– Специјалниот јавен обвинител мора да има целосна автономија и гаранции за независност во работата. Само со такви гаранции специјалниот јавен обвинител би можел да го истражува нелегалното прислушување и делата коишто произлегуваат од тоа. Бидејќи специјалниот јавен обвинител ќе има исклучително одговорна и обемна работа, треба да има и помошници-обвинители за поефикасно и пофункционално извршување на законските обврски – рече Заев.

Амбасадорката Соумалаинен рекла дека ОБСЕ продолжува со исклучително внимание да ги следи процесите во Македонија коишто треба да допринесат за демократско градење на институциите и одржување на слободни, фер и демократски избори.

– Мисијата на ОБСЕ и понатаму и стои на располагање на Република Македонија да ги достигне демократските цели. Очекуваме целосно спроведување на постигнатиот договор од 2-ри јуни и спроведување на слободни, фер и демократски избори наредната година – рече Соумалаинен.