Премиерот Зоран Заев во интервју за Нова ТВ зборува за реформите во правосудството, но одговара и на критиките дека народот е разочаран што правда во Македонија се уште нема.
– Не можам да бидам задоволен, бидејќи не ми се задоволни ниту граѓаните. Но, сериозни процеси се отпочнати, одредени пресуди се конечни и правосилни, за дел има првостепени пресуди… Верувам дека правдата ќе биде задоволена, дека секој што се огрешил ќе си сноси одговорност. И додека дишам нема да дозволам било што да измрда, затоа што нашето почитување на правните процедури е израз на тоа какви сме сите. Јас верувам дека сите овие процеси на крајот ќе ја потврдат вистината која што беше главната инспирација на нашиот револуционерен народ, кога се дигна и го крена гласот – вели Заев.
Тој негира дека постојат тајни договори меѓу партиите за спас на обвинети и осомничени поранешни и актуелни функционери. На прашањето дека сите се убедени дека постои договор меѓу партиите за да се заштитат од кривичен прогон оние кои имааат политичка закрила, премиерот вели: