Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во гостувањето на ТВ 24 со Младен Чадиковски откри дека се подготвува инвестиција на интернет гигантите Facebook и Google кои треба да дојдат во Македонија.
Премиерот посочи дека новата Влада ќе работи на задржување и привлекување на странски инвеститори, но со еднаков третман и на домашните компании.