Заев: По 11 декември јас ќе бидам премиер, а Груевски и братучедите ќе вратат се што зеле незаконски

0
1219

Ќе има живот за сите нас. На дофат ни е тој живот. Просечната плата од 500 евра ќе ви овозможи да имате пристоен живот, порача Зоран Заев, лидерот на СДСМ вечерва во Кавадарци.

Тој потсети дека Струмица е најразвиена општина и дека тој како градоначалник им давам плата на над 820 луѓе.

„Се грижам за 820 семејства за да имаат нивните деца дома храна. Значи, ако ние во Струмица сме можеле без кредити, може и земјата. Ние гарантираме бесплатно лекување за сите. Нема веќе луѓе да ни умираат по болници. После 11 декември јас ќе сум премиер и јас лично ќе ги бранам граѓаните. Уставот никој нема да го смени, тој ќе почитува. Груевски, на тебе и братучедите ќе ви одземе законот се што сте земале незаконски“, рече Заев.