ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО МИЦКОВСКИ: Тоа што на Мицковски не му се допаѓа Катица е негов проблем, ние не отстапуваме од овој состав на СЈО!

0
1153

Запрашан од новинарите дали ќе го прифати барањето на Мицковски, СЈО да биде водено од друга личност а не Катица Јанева, премиерот одговори:

– И мене не ми се допаѓаат некои луѓе што водат институции па сега нема да барам да дојде некој по мој вкус, така ќе биде и со барањето на Мицковски. Катица е оценета од целата меѓународна заедница како задоволителна и добра обвинителка и таа ќе остане да го води СЈО уште неколку месеци а потоа таа ќе може да се јави на огласот и можеби пак ќе го води СЈО и понатаму, ако законот помине во собрание а јас ќе се потрудам да помине.