Заев: По приговорите ќе има промена на бројот на мандати и тој ќе изнесува 50:50!

0
1536

Лидерот на опозијата, Зоран Заев предмалку одржа прес конференција на која рече дека првичните резултати што ги објави ДИК не се конечни и дека по приговорите ќе има промена на бројот на пратеничките мандати и тој ќе изнесува 50:50.

-Уште еднаш ја честитам историската победа на граѓаните. Заедно поразивме режим. Сакам да повикам да ја почитуваме мнозинската одлука. Мнозинството граѓани гласаа за живот наместо за режим. Поразивме режим со пенкало и глас. Режимот не смее да формира влада. Им порачуваме на другите партии да не помислат да ја поништат волјата на граѓаните. Груевски не смее да формира Влада. Бидејќи првичните резултати ги збунија граѓаните, конечните резултати допрва следуваат. Постојат разлики меѓу резултатите што ги објави ДИК и резултатите од оргиналните записи. Соодносот по корекцијата на овие разлики во мандати ќе биде 50:50, рече Заев.