ЗАЕВ ПОЧНА ДА ГИ ТЕШИ ВМРОВЦИТЕ ОД СОБРАНИСКА ГОВОРНИЦА : ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ МОЖЕ ВАКА ДА ПРЕДЛАГА МИНИСТРИ ЗА ЕДНО 9 ГОДИНИ И ДВА МЕСЕЦА

0
1944

Премиерот Зоран Заев пресмета дека СДСМ откако ќе го доврши овој, ќе владее уште два мандата. На денешната собраниска седница за избор на два нови министри, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот координатор Никола Мицевски побараа оставка од Заев поради аферата „Рекет“, но и за честите мини реконструкции на Владата што за нив значi дека премиерот или не знае да води Влада, или промашува кандидати.

Заев од собраниската говорница одговори:

„Мислам дека народот ќe ја задржи оваа власт малку подолго. По моја проценка, вие од ВМРО-ДПМНЕ министри и заменици ќе може да предлагате за едно 9 години и два месеца. Било супер што е жена и што била млада, ама не била за ресорот финансии. Дајте ве молам договорете се сами со себе што сакате“.

Извор : СДК