Заев : Очекувам Судот да дели правда за насилството од 27-ми април, никогаш да не се повтори!

0
1134

Тоа што го кажав во судницата како сведок, можам само да го потврдам и сега. Очекувам правичен систем коjшто ќе води аспект секако со санкцијата да ја испрати пораката за да се не повтори делото, никогаш повеќе. Ниту пак да мотивира повторно дел од граѓаните да направат такво дело,  она што се случи како насилство на 27 април.

Очекувам социјалниот аспект и судот да го има во предвид, јас не побарав никаква штета ниту надомест на штета од страна на обвинетите лица во овој случај. Секако одмереноста на крајот останува на судот.

За мене е многу значајно судот да дели правда имајќи ги сите овие аспекти предвид и верувам дека и граѓаните тоа го очекуваат. Нема да го вратиме ние времето. Секако ако би можеле да го вратиме тогаш најголемата добивка ќе биде да не се повтори делото односно да не го направи некој тоа. Но, имајќи го предвид дека нема да го вратиме времето, можеби ние ќе останеме со нашите лузни, но да внимаваме на тоа, на децата да не оставаме лузни, заради тоа што се работи на родители на деца.