Заев од Прилеп: Груевски не е ништо освен беден криминалец

0
1640

Прилеп е град на слободата и е спремен за новиот наш ден на слободата, а тој ден е 11 декември. Првиот митинг се почнува од пркосниот Прилеп каде ние ќе победиме. Колку и да го прошируваат овој плоштад, тој е мал за нас. Никола Груевски те повикувам на дуел за да те прашам и да ја кажеш вистианата пред граѓаните, а не да се криеш. Десет години владееш со Македонија, како не ти е срам да бегаш од дуел, нагласи вечерва во Прилеп, лидерот на СДСМ, Зоран Заев на првиот митинг на опозицијата.

– Тој ќе бега, но тоа нема да не спречи да ги запреме. Го дигнавме гласот одамна. Сите после тоа се охрабрија. Бевме по сите сокаци и улици низ земјава. Шарената револуцијата го одбележа нашиот пркос. Сега сме во финале. Мораме да ги запреме солзите на нашите сограѓани, чии деца бегаат во странство од оваа беда. Никој нема каде да се обрати, бидејќи сите институции се партиски. Ова е криминална влада. Тие направиле државен удар, сите не прислушувале – рече Заев.

Тој нагласи дека власта се изживувала врз граѓаните.

– Дали сакате уште 4 години режим? Народот кажа овде во Прилеп, не сакаме. На 11 декември ваш избор за живот нека биде во земјава – рече Заев.

Ние, рече Заев ќе се залагаме за повисоки просечни плати од 500 евра, а ќе има повисоки субвенции за тутунот.

– Ќе ги насочиме сите пари кон граѓаните, ќе го вратиме секој денар од ДДВ кон граѓаните. Тие пари значат една детска соба, за радост на вашето дете, еден летен одмор за цело семејство. Институциите ќе работат само за граѓаните. Секој кој крадел од граѓаните ќе одговара, ќе одговара пред законот и украдените пари ќе и ги врати на граѓаните. Нашиот план е базиран на реалност ако сакаме Македонија да функционира. Вие знаете колку труд имаме вложено во нашиот план, бидејќи го правевеме заедно. Вие знаете дека не е бајка. Груевски не е ништо освен криминалец. Тој зад себе остави само криминал и корупција. Ги трошат народните пари за да се богатат. Народот е сведок за нивните криминални дела. Срам да им е. Ова злосторство никогаш нема да им го заборавиме. Македонија ќе доживее промени на 11 декември – нагласи лидерот на СДСМ.

Извор: макфакс