ЗАЕВ ОД КАРПОШ: Груевски дојди на дуел, ако не можеш сам викни го и Јакимовски!

0
1479
Во името на вистината ќе победиме ќе го срушиме режимот, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ во Карпош.
-И од овде го повикам првиот бандит Никола Груевски на дуел. Ако ти е тешко сам викни го и вториот бандит Стевчо Јакимовски. Скријте се под некоја сукничка кај вашите мајки зашто вашето време заврши – рече Заев.
Заев рече дека нема да се повтрои она што се случи на претходните избори кога , како што рече бандитот Никола Груевски успеа да победи со крадење на гласови , а во Карпош тоа го сторил Стевчо Јакимовски.
– По наша грешка овде во Карпош победи вториот бандит. Не не предаде нас, туку својата душа и семејството, Знаете зошто… за пари, пари пусти пари. Предавник за пари – рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев
Заев повтори дека на Триумфалната порта ќе биде поставен бројчаник кој ќе покаже колку пари се вцратени кај граѓаните. Тој се обрати кон неопределените и побара од нив да гласаат.
– Или режим или живот е лична, а последиците за земјата се заеднички за сите – рече Заев.
Заев посочи дека вредело што ја објавил Вистината за Македонија.
– Вредеа сите искушенија низ кои поминавме, зашто не обединија по сите основи. Ние сме за живот ние сме за Македонија – рече Заев.
Тој ги повика жителите на Карпош да излезат да гласаат за победа на Македонија.
-Карпош победува за Скопје, а Скопје за Мекдонија Излезете масовно да гласает. Да му покажеме на светот дека успеавме дека срушивме режим. Донесовме живот.Да ја дофатиме детелинката зашто сите ние заслужуваме среќа – рече Заев.
Тој зборуваше и за мерките предивидени за подобрување на економијата, за враќање на парите кај граѓаните ,за запирање на иселувањето за заедничкиот соживот.