Заев: Ни треба победа над режимот, а не конфликт меѓу граѓаните

0
1421

Добро им беше кога Спасовски не дозволи судир во Бутел. Сега ова е исто. Нема потреба. Кога гледаш дека некој греши, остави го да прави грешки до крај. Повикувам да се смират страстите, посебно на една група на интелектуаци кои синоќа посакаа малку да им се доближеле на стевчевите залангури. Но и тие се македонци. Крв ли по улиците? – кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Либертас.

-Драги мои, ни треба победа над режимот, а не конфликт меѓу граѓаните – додаде тој по синоќешната одлука на организаторите на граѓанскиот протест, за да не настанат поголеми инциденти, да се повлечат од предвиденото бдеење пред денешната одлука на Уставниот суд.