ЗАЕВ: Ние сме левичари, значи сакаме праведно општество, не може исто да плаќаат данок и тие што земаат 10 000 денари и тие што земаат 10 000 евра, со тие пари ќе ги покачиме платите на лекарите и ќе дадеме бесплатно здравство за сиромашните

0
1503

– Ние сме левичари, сакаме праведно општество, затоа не може исто данок да плаќаат и тие што земаат 10 000 денари и тие што земаат 10 000 евра. Границата ќе ја одредиме со дебата, но прогресивен данок ќе има и тука нема бегање, тоа ни е во програма со години. Тие пари што ќе се соберат ни требаат за бесплатно здравство за сиромашните и за повисоки плати за лекарите.

Премиерот Заев на прес конференција во влада на тема земјоделие во одговор на прашање за даноците.