Заев не се појави на судење, обвинителот бара да му се одземе пасошот

0
1148

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не се појави на денешното судење во Основниот Суд Скопје 1, а обвинителот побара повторно да му се одземе пасошот, а МВР да не смее да му издаде нов за да не ја напушти државата, информира Нова.

zaev ny

Поради ваквото на Обвинителството судот го презакажа судењето за петти октомври.

Заев не се појави на минатото судско рочиште, кое беше одложено. Тој претходно изјави дека не го почитува судот за кој вели дека е под целосна контрола на власта. На претходното рочиште судијката најави дека ќе издаде наредба Заев да биде стражано приведен ако не се појави денеска на судењето.

Адвокатскиот тим на Заев најави дека ќе бара одложување на судењето се до изборот на специјалниот обвинител кој треба да се извере до 15 септември како дел од договорот во Пржино за излез од политичката криза. Судијката на минатото рочиште на тоа одговори дека не работи според политички договори.

Во судскиот процес „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица. Тие се обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“.