Заев: Не влегов во политика за да си го гледам раатот

0
1371

-Струмичани имаат една изрека „Глеј си раатот“, ја во политиката не влегов да си го глеам  раатот, кажа премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата.

-За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет. Сега граѓаните чекаат јасен потег од Европската унија, рече Заев.