Заев на 24 Вести: Груевски ќе биде прегазен, не ги гледајте анкетите, и Бучковски во 2006-та мислеше дека ќе победи со 7 проценти предност па тогаш изгуби, така ќе биде и сега со Груевски, ќе имаме стабилно мнозинство во собрание!

0
5669

– Не ги гледајте анкетите, и Тадиќ требаше да победи според анкетите па изгуби од Николиќ, така беше и со Брегзит, така и нас ни се случи во 2006-та кога Бучковски водеше на анкетите 7 проценти па изгуби. Ќе ги прегазиме! Ќе имаме стабилно парламентарно мнозинство и стабилна влада! Вистинската анкета следува на 11-ти декември! Апелирам до народот да излезе да гласа, секој што ќе остане дома преќутно гласа за режимот, тоа сите да го знаат!

Ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на 24 вести вечерва.