– Има голема разлика меѓу брат ми и Сашо Мијалков. Вице не е шеф на ДБК, нити е функционер во партијата СДСМ, туку си прави цигли во Струмица и прави ајвар кој го извезува во Америка и цел свет. Оваа влада е транспарентна, има слобода на медиуми, нека истражуваат новинарите ако мислат дека има нешто матно во владата и во моето семејство, но ве уверувам дека нема ништо такво. Владата воведе тотална транспарентност во тендерите и како се трошат народните пари, јавноста нека внимава будно.
Премиерот Заев на 1 ТВ.