Заев: Крајот на Груевски е дојден

0
1057
-Преговорите ги водиме сериозно, но ослободени од притисок. За некои црвени линии не може да има отстапки. Аргументите се на наша страна. Нашите ставови се потврдени состојби во сите последните извештаи на Стејт Департментот, на експертската група на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе, на ОН. Крајот на Груевски е дојден, прашање на модалитети е неговото заминување, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев  на дебата со младите социјалдемократи на тема: “Како понатаму и што ќе се случи по падот на Груевски”, во рамки на Младинскиот работен семинар на СДММ во Охрид.
11227624_10153534178887932_46871306122144871_o
Претседателот Заев се осврна на проектот Вистината за Македонија, што до крај го разобличи режимското владеење на Груевски.
-Упативме порака, бесрамното злоупотребување на власта никогаш повеќе да не се повтори. Пративме силна порака во Република Македонија, регионот, цела Европа и светот дека сите оние кои ја злоупотребуваат власта, може да бидат фатени на дело и треба да понесат одговорност. Исто така, поттикнавме меѓуетничко единство, тоа е огромна придобивка, а ние како социјалдемократи сме предводници на тој процес, рече Заев.

 

Извор : 24Вести