Заев : Зошто Зврлески лажеше дека не биле откриени фискални сметки кај Младенов?

0
1083

Лидерот на СДСМ го објави записникот на МВР по извршениот увид на сообраќајната несреќа на Никола Младенов од 27 март, 2013 година.Според Заев, во официјалниот документ се наведени 4 кклучни работи, кои откриваат дека од јавноста биле криени многу податоци.

zvrle 1

Според Заев, Младенов возел по десната сообраќајна лента како што е наведено и има оштетувањата на предниот дел на возилото со што се потврдува дека возилото удрило во металната огрда.

-Експертското мислење на стручни лица е дека возилото на Младенов морало да се движи по левата лента или на средината за да може да удри десно под тој агол. Во извештајот никаде не пишува дека пукнала гума на возилото, па удрило десно. Насоката на движење е седма причина за истрага за смртта на Младенов, рече Заев.
За трагите со црна и црвена боја на страница осум од записникот на МВР е наведено дека постоле траги на задниот дел на возилото на Младенов со црвена и црна боја. Постои веројатност доколку возилото на Младенов е удрено, да се заротира во предниот дел десно и да излета од патот, рече тој.

На страна 5 и 6 стои дека не се најдени траги од крв на предното ветробранско стакло, на облеката немало траги од стакло, тогаш е нејасно како излетало телото на Младенов. При удар се кршат стаклата на многу ситни делови. Се утврдува во официјалниот записник дека телото било пронајдено на 22 метри од возилото, но од кои причини беше посочено на прес –конференцијата во МВР дека телото било пронајдено на 7 метри?

На страна 3 од записникот на МВР е запишано дека биле пронајдени три фискалани сметки, но тоа беше скриено од јавноста. Зошто Марко Зврлески изјави дека на лице место не се пронајдени фискални сметки? Што се крие во овие фискалани сметки, никој не спомна официјално, рече Заев.

Криминалната власт криеала информации и не спровела истрага за смртта на Младенов. Јас сакам јавно да ветам, дека по промената на власта ќе биде спроведена нова независна истрага за Младенов и ветуваме дека правдата ќе ги стигне сите, рече Заев.