Заев за Н1: Оставки се неизбежни, преодна влада е неизбежна! Од тоа бегање нема

0
1269

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев даде изјава за белградското студио на телевизијата Н1, ексклузивен информативен партнер на светската телевизиска мрежа CNN.

Z.Zaev-za-N1-540x338

На барање на телевизијата Н1, претседателот Заев го објасни скандалот со инволвираноста на Никола Груевски во доаѓање до огромни парцели на Водно, преку оф шор фирми, како што открија доказите од прислушувањата што ги правела власта на Груевски.

На штета на скопјани, зелени појаси, со менувања урбанистички планови, специјално за интересите на Груевски се претворани во градежни парцели, а како што покажаа разговорите од последната прес конференција, станува збор за план за објекти, само на име на една фирма, коишто по денешна пазарна цена на чинење на Водно, ќе тежат над 17.000.000 евра!

Запрашан за очекувањата околу развојот на политичката ситуација во Македонија, претседателот Зоран Заев изјави:

-Оставки се неизбежни. Преодна влада е неизбежна. Од тоа бегање нема. По `се што имаме уште да објавиме, обидите на Груевски да се додржи на власт, нема да успеат.