ЗАЕВ ЗА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ : Нема да паднеме од власт, ветив – режим повеќе нема да има!

0
1383

Раздвижено е на Илинденска број 2: средби, прес-конферeнции, консултации со опозицискиот лидер околу нивни предлози за составот на техничката влада. Вчерашната средба Заев – Мицкоски заврши со потреба да се направат дополнителни консултации околку опозицискиот предлог за технички министер за внатрешни работи.

ДВ: Може ли проверката на уставноста на предлогот за технички министер за внатрешни работи, а евентуално и за други предлози, да го измести рокот за формирање техничка влада?

Зоран Заев: Преодната влада треба да се формира на трети јануари и од тоа не треба да има никакви отстапки. Изборите на 12-ти април треба да ги гледаме како затворено прашање, сите партии се согласни со датумот. На предлозите на опозицијата за министри и дополнителни заменици министри треба да се гледа на едноставен и прагматичен начин. Јас побарав од Христијан Мицкоски да не предлага кандидати против кои има обвиненија од домашните обвинителства, бидејќи сметам дека тоа е етички, исправно и одговорно така да биде, пред се заради граѓаните. Сигурен сум дека и граѓаните не сакаат министри под обвиненија. Секако, со кандидатот што го предлагаат за МВР, се појавува и дилемата околу уставноста, имајќи предвид дека Уставот експлицитно бара за министер да се назначи цивилно лице, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е воено лице. Значи, пред воопшто да се разгледува неговата биографија, пред се мора да осигураме дека преземаме чекори кои во согласност со нашиот Устав. Време до трети јануари има, ќе продолжат разговорите со опозицијата, верувам дека оваа дилема брзо ќе се расчисти. Ги слушаме експертите, целата јавност веќе зборува за тоа. Ако е очигледно дека ова предложено решение не може да помине заради тоа што Уставот тоа не го дозволува, сигурен сум дека опозицијата нема да си дозволи да инсистира на кршење на Уставот и дека ќе може брзо да предложи друг кандидат околу кој би се согласиле.

Целото инвервју ќе може да го прочитате на следниот линк ОВДЕ