Заев за Вест – Ќе преспивам во премиерската вила

0
6525

Планирам да живеам на релација Скопје-Струмица. Два пати неделно се враќам дома. Децата веќе таму си учат, таму им е друштвото, па решивме со сопругата тие да си останат во Струмица. Сопругата ќе доаѓа со мене во Скопје само кога ќе има некои важни настани. Ќе преспивам во премиерската вила. Во Струмица живеам со мајка ми и татко ми, па тие ќе ни помагаат околу децата како и досега, вели Заев за Вест.мк

zaev_glasanje_2016

Огнен Теофиловски/Вест.мк

Откако претседателот на СДСМ Зоран Заев доби мандат да формира Влада по гаранциите што ги даде дека ќе ја зачува унитарноста на државата, деновиве е во интензивни преговори за Влада. Вест.мк го праша мандатарот каде ќе живее, дали на релација Скопје-Струмица, во премиерската вила со семејството, или пак, има некој трет план.

– Планирам да живеам на релација Скопје-Струмица. Два пати неделно се враќам дома. Децата веќе таму си учат, таму им е друштвото, па решивме со сопругата тие да си останат во Струмица. Сопругата ќе доаѓа со мене во Скопје само кога ќе има некои важни настани. Ќе преспивам во премиерската вила. Во Струмица живеам со мајка ми и татко ми, па тие ќе ни помагаат околу децата како и досега, вели Заев за Вест.мк.

Инаку тој последен пат поднесе анкетен лист за имотната состојба откако беше избран за пратеник по изборите во декември 2016 година. Еве што вели анкетниот лист за имотот на мандатарот. На веб-страницата на Државната комисија за спречување корупција, во неговиот анкетен лист стои дека има негов недвижен имот како и имот на неговите родители. Hа име на неговите родители пријавил недвижен имот вреден 430 илјади евра. Тука е куќата од 400 кавдратни метри во Струмица, земјоделско земјиште од 4 хектари во Муртино, деловен простор од 60 метри квадратни во Струмица, стан од 65 квадратни метри во Струмица. На име на своите родители Заев, пријавил и акции во вредност од 200.000 евра. Околу 70 илјади евра лидерот на СДСМ пријавил личен имот, даден на заем, а на име на своите деца пријавил орочен девизен депозит во износ од околу 26.000 евра и околу 7 илјади евра на име на сопругата.unnamed

Во медиумите пред неколку години беше објавена информацијата дека Заев има и куќа во Неа Потидеа во Грција.unnamed__2_

Извор : Вест