Заев си остана на зборот и не се појави во струмичкиот КОРУМПИРАН суд, исполнети се условите да биде уапсен ОД РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ!

0
1502

Од адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за Либертас потврдија дека тој го исполнил даденото ветување и утрово не се појавил во судот во Струмица, како што правеше претходно секој понеделник во 9 часот откако беше покренат случајот „Пуч“.

zaev-540x360

Заев останува на изјавата дека правосудниот систем не е независен туку е под контрола на Груевски и дека тој доброволно нема да се отповикува на поканите на правосудните органи – велат од таму.

Со ова се исполнети условите да му биде определена мерка притвор и да биде уапсен.

Плусинфо, пак, објави дека судот во Струмица му дава рок до пладне на Заев да се јави кај надлежниот судија, а ако тоа не се случи тогаш ќе биде испратено известување до Основниот суд Скопје 1, кој потоа ќе треба да одреди нова мерка за обезбедување.

– Обвинетиот Заев треба да се јави до 9.30 часот, но судијата во предходна постапка прави толеранција до пладне, има предвид ако обвинетиот негде патувал или имал некакви објективни причини за доцнење. Ако не се јави до тогаш, ќе се испрати писмено известување до Основниот суд Скопје 1. Како ќе се постапи понатаму зависи од судот што ја одредил мерката – вели судијката Цона Каламерникова, задолжена за комуникација со медиумите во струмичкиот суд.

Писменото известување се пушта по пошта, па не може да се каже кога точно ќе стигне до Скопје. Од скопскиот основен суд објаснуваат дека додека не го добијат известувањето не може да кажат како ќе постапат, пишува Плусинфо.

Ве потсетуваме што кажа Заев минатата среда:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=p3k1TPevMW8[/youtube]

По вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за политички монтираниот случај Пуч, јавно соопштувам:

1. Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон. Правосудството е под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт.

2. Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта.

3. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка.

4. Со ваквото мое јавно соопштение, судот е должен согласно Законот за кривична постапка, веднаш да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода.

5. Ја очекувам од денеска оваа одлука на судот.

6. Јас сум во просториите на СДСМ или во Кампот на слободата пред Владата, заедно со граѓаните.