ЗАЕВ Е ВО ГОЛЕМА НЕВОЉА : БАЧЕВ ТРГНА ВО ПОХОД И КАРАВАН ЗА РУСКА МАКЕДОНИЈА СО МЕШАВИНА НА КОМУНИСТИЧКА УНИФОРМА И ВМРОВСКО РУСКА ИДЕОЛОГИЈА, НА ТРИБИНИТЕ АКО ТРЕБА И СОЛЗА НА ГАЈБА ЌЕ ЈА КАЧУВА

0
1774

Единствена Македонија, денес, среда, 27 октомври 2019, на прес конференција го најави караванот низ Македонија „Битка за Македонија„ и ја објави Платформата која ќе се дели низ Македонија, како и новиот модел околу составот на изборните листи на претстојните избори.

На прес конференцијата, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече:

Бачев: Почнуваме со Караванот „Битка за Македонија“, во секое населено место ќе ја поделиме нашата Платформа, влегуваме во финалната битка 

Почитувани,

Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега.

Во Република Македонија на 27 април 2017 се случи државен удар со насилниот избор на претседател на Собранието и инсталирањето на марионетска влада од НАТО со задача да го спроведе геноцидниот проект за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана. Мора да го кажаме нашиот став за иднината на Македонија која ќе се решава на избори во 2020 година – настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот – или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.

За таа цел, Единствена Македонија е подготвена за соработка со партии, здруженија и поединци од земјата и странство доколку е прифатлива Платформата а секое отстапување од неа да се смета за национално предавство.