Заев: До 29 јануари Груевски треба да каже дека не може да формира влада!

0
1409

Јас сум убеден дека Никола Груевски не може да формира влада, режимот дојде на крај, ВМРО со Груевски треба да оди во опозиција, тоа им е јасно и покрај мандатот што го има. Ние ќе го почитуваме рокот до 29 јануари кога самиот Груевски треба да каже дека не е во можност да формира влада, изјави Зоран Заев во Куманово, пренесе Канал 77.

 На новинарско прашање за средбите со ДУИ, Заев вели дека начелно е разговарано само за позициите на СДСМ и ДУИ, но дека се уште немаат ништо конкретно.

„Најавени се нови средби и тогаш ќе има и прецизирање на ставовите”, изјави Зоран Заев во Куманово.