Заев до Могерини: На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци.

0
1354

Соопштение на СДСМ:

Денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, телефонски разговараше со Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Претседателот Заев го повтори ставот на СДСМ дека рамката дефинирана со Договорот во Пржино е единственото реално решение на тешката криза со којашто е соочена нашата држава.

На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци.

Воедно, претседателот Заев ја информираше Могерини дека опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби.

На оваа тема ќе се дебатира и на утрешниот состанок со коалициските партнери и предлогот на СДСМ ќе биде тоа учество да продолжи за да се спречат евентуални манипулации со избирачкиот список.