Заев: Доколку утре не се договори организација на влада, СДСМ ќе пристапи кон алтернативни методи за таа цел

0
1097

Шансите за решавање на политичката криза со помош на меѓународните претставници, актуелните политички предизвици на Македонија, економските проблеми, закочените евро-атлатски процеси, беа темите на коишто разговараа претседателот на СДСМ, Зоран Заев и пратеникот во Парламентот на Франција, Филип Диран.

Zaev-Diran1

– Неопходни се споделени гаранции за имплементација на препораките од Извештајот на Прибе, бидејки посочените критични области се кочничар за демократско функционирање на институциите на системот, коишто се комплетно партизирани, како и за организирање слободни избори – изјави претседателот Заев.

На средбата е изразена посебна загриженост за проблематичниот Изборачки список, како и за недозволивото функционирање на републичкиот јавниот обвинител, на обвинителот за организиран криминал, на судството, по директиви на актуелната власт.

– Доколку утре со помош на пријателите од Европската Унија и САД не бидат договорени организацијата на влада и механизмите што треба да обезбедат демократски институции и избори, СДСМ ќе пристапи кон алтернативните начини за остварување на овие цели – најави Заев.