Заев: Да не биде заборавено дека јас сум човекот кој што го пријави случајот „Рекет“! Секој што е инволвирал ќе си одговара

0
1229

Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук нагласува дека верува во транспарентни и во многу прецизни и брзи истраги.

– Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денес оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали некој бил газда на медиум којшто ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор, истакнува Заев.

– Дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се и за слобода и за демократија и за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност, нагласува Заев во објавата на Фејсбук.