Заев во обвинителството открива нови детали од крвавиот четврток : Шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ помогнаа за отворање на вратите

0
1286

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој утрово даваше исказ во ОЈО за случувањата на 27.април, вели шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ помогнале при отворањето на вратите од Собранието и доколку не се случело тоа можело да се избегне насилството.

Како што вели тој, веќе на 28. април повикал на помирување и простување, но пред законот треба да одговараат сите одговорни.

Тој раскажал пред обвинителите на се што се сеќава од тепањето на пратениците.

Заев воедно информираше дека во моментов подготвува писмо до претседателот Иванов како гаранција за унитарноста и државниот суверенитет, кое рече ќе го објави јавно и очекува до средината на следната недела да му биде доделен мандатот за формирање нова Влада.