ЗАЕВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА БИРН: Добивме членство во НАТО и ЕУ и најважно добивме македонски идентитет и македонски јазик за севкупна употреба!

0
1254

Раздвижено беше денеска (15.6) во зградата на македонската влада. Премиерот Заев, иако зафатен со куп обврски, состаноци и телефонски разговори, сепак одвои време за разговор со БИРН, пред историскиот настан што го очекуваат Македонија и Грција. Кабинетот на премиерот и придружните тимови засилено работеа на последните подготовки за церемонијата на која ќе биде потпишан договорот, во постојани телефонски консултации со нивните колеги од Кабинетот на Ципрас. Премиерот Заев веднаш ги расчисти дилемите каде ќе се потпише историскиот договор помеѓу Македонија и Грција.

„Беше предложена, и остана – Преспа. Во мое, и во присуство на премиерот Ципрас, и други министри во двете влади, Договорот за конечно решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји ќе го потпишат двајцата министри за надворешни работи. На церемонијата се поканети и доаѓаат високи гости и наши пријатели од ЕУ и од ООН, од кои добивавме целосна поддршка низ прoцесот“, вели премиерот.

Церемонијата ќе се одржи во недела и ќе има две содржини.

„Потпишувањето на договорот ќе се случи на грчката страна на езерото, а официјалната средба и ручекот со делегацијата на грчката влада и со гостите ќе биде на нашата, на македонската страна. Очекувам овој настан да биде и да остане симбол на поврзување во регионот и пошироко“, вели Заев.

Искрениот и тежок дијалог, и повеќемесечните напори за решавање на спорот дадоа резултати. Она што остана „темна дамка“ на домашен терен, е отсуството на дијалог од страна на претседателот Иванов, односно „неславните 120 секунди“ што завчера им ги посвети на премиерот и на шефот на дипломатијата.

„Претседателот Иванов, за жал, не успева да ја види, да ја препознае перспективата што се отвора за нашата земја, а притоа не сака да поддржи решение со кое се јакне и се признава идентитетот, како никогаш досега. Добиваме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско. Како дома, така и во странство. Преведено, без ограничувања на сите јазици во светот. Идентитет за севкупна употреба. Конечно, Република Грција го призна нашиот идентитет. Јазикот ќе се користи слободно секаде, во ОН, НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани. Гледате, не им е лесно и ним, се соочуваат со интерпелација, со протести. Не се лесни компромисите, но кога ќе се направат со заднички напор носат прогрес“, вели Заев.

Интервјуто со Зоран Заев во целост прочитајте го ОВДЕ.