Заев: Власта истрагата за смртта на Младенов ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање на клучни информации од јавноста

0
1539

zaev-mladenov

– Поминаа две годино откако загина новинарот, неуморен борец за правда, критичар на власта. На овој голем човек Македонија му должи многу. Затоа денеска како што му наликува на овој великан ќе отвориме неколку прашања. Јавноста ќе дознае дека истрагата за смртта на Никола Младенов власта ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање на клучни информации од јавноста. Доказите ќе докажат 10 причини зошто е неопходно да се спроведе нова истрага за смртта на Никола Младенов. Покрај причината за смртта раскин на аортата беше соопштено дека се отфрла судир со друго возило, дека телото било пронајдено на седум метри од возилото, дека не бил пронајден телефонот… Од доказите од разговорите кои денеска ќе ги објавиме ќе стане јасно дека ниту една од тие клучни работи се точни. Аудио разговорите ќе го отворат прашањето дали случајот на Никола Младенов може да се затвори како сообраќајна несреќа – рече Заев на денешното објавување на најновата „бомба“ за смртта на Никола Младенов.