Заев: Веднаш очекувам оставка од Митко Чавков и нека бега подалеку

0
2044

Изразувам почит до пратеникот Влатко Ѓорчев и други негови колеги и тоа го почитувам, нагласи лидерот на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашања на денешната прес конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека нема теорија да се одржи лидерска средба која ја бара Ѓорге Иванов, бидејќи има низа повредени политичари, а Зијадин Села од Алијанса за Албанците е на болничко лекување.

– Изразувам почит до пратеникот Влатко Ѓорчев и други негови колеги и тоа го почитувам. Вчера беше атак за рушење на се што е уставно. Министерот Нухиу кажа се. Очекувам одма оставка од Митко Чавков и нека бега подалеку – рече Заев.

Заев рече дека пратениците на ДУИ, меѓу нив и Талат Џафери, рамо до рамо кога започнал инцидентот.

– Тие беа тепани и удирани исто како нас. Отстуството на Али Ахмети вчера беше договорено и беше дел од заедничкото наше сценарио, вие согледајте зошто – нагласи Заев.

Извор : Плусинфо