ЗАЕВ: „БОМБИТЕ“ НЕМА ДА ПРЕКИНАТ, ТУКУ ПРОДОЛЖУВААТ ОД ПОНЕДЕЛНИК – ЗА МЕСТЕНКИ ВО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ, ФФМ, УНИВЕРЗИТЕТОТ…

0
1564
Таканаречените „бомби“, нелегално снимени аудиоразговори и транскрипти, што ги објавува опозицијата, ќе продолжат да се „детонираат“ од понеделник, открива лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за „Кирилица“ што ќе биде објавено наскоро.
zaev ny
Заев открива дека пресконференциите со злоупотреби на власта нема да прекинат за време на преговорите кои треба да продолжат в среда во Брисел, туку ќе бидат внимателно димензионирани и селектирани за да не го загрозат преговарачкиот прцес.
– Ќе вниимаваме на сензитивноста на објавените аудиоматеријали. Нема да може да бидеме обвинети дека го загрозуваме преговарачкиот процес, а тоа и не го сакаме. Мора да продолжиме со обелоденување на вистината за злоупотребите што ги вршела власта. Ќе чуеме разговори од кои ќе стане јасно како се вршеле манипулации и местенки во разни невладини организациии, граѓански здруженија, како се местеле први луѓе и што се правело во Фудбалската федерација на Македонија, на ректорати на универзитетите и факултети и слично. Сите материјали се подготвени, и ќе повикаме луѓе од невладиниот сектор на кои ќе им поделиме папки со нивни нелегално прислушувани разговори, вели Заев во интервјуто за „Кирилица“.
Според неговото кажување, најчувствителните „бомби“ како таа за случајот „Монструм“, нема да бидат објавени во текот на преговорите, ниту пак пред најавениот протест на 13 јуни, што го организира движењето „Беса“. Сепак, тој не се откажува од нивното објавување, но вели дека „тоа не смее да го загрози она највредното што се постигна во кампањата „Вистината за Македонија“, а тоа е досега невидената меѓуетничка сплотеност на граѓаните, што се виде и на протестот на 17 мај“.