Заев – Барнет: Кризата може да се реши со фер и демократски избори

0
1282

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска попладнето се сретнал со потпретседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Дорис Барнет.

Тема на состанокот била актуелната политичка ситуација и неопходноста од одржување на слободни и регуларни избори.

– Кризата кулминираше поради криминално спроведени и одржани избори, што се покажа дека се случувале во повеќе изборни циклуси наназад и таа може да се реши единствено на фер и демократски избори. Само регуларни избори се опција за нормализација на Македонија – истакнал Заев на средбата.

Лидерот на опозицијата нагласил дека „СДСМ работи исклучиво во насока на одржување на фер избори во декември.“

– Исто така, веќе подолг период се организираат средби со граѓани на кои се разговара за мерките кои ќе се преземат по изборите и кои ќе бидат во насока на подигнување на животниот стандрард и целосна демократизација на Македонија – се вели во соопштението на СДСМ.