ЗАГОРАЦ ТУМБОВСКИ кеш донаторот на ВМРО-ДПМНЕ за ,,Фокус” обвинува: Партискиот егзекутор Митко Чавков е до гуша во криминал

0
1853

Ексклузивно, Тумбовски за „Фокус“ открива дека на оригиналите од каса–прими, кои се на сигурно место, било направено и графолошко вештачење. На нив имало остатоци од индигото, односно траги од други датуми и суми што биле пишувани и издавани претходно за други кеш донации.

Текстот е објавен на трети јуни 2016 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1078

Пишува: Јадранка КОСТОВА

Неодамна, Нова ТВ објави истражувачка сторија за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ за 2015 година, со наслов што доволно кажува: „Фиктивни донатори и сиромашни службеници“. Речиси во исто време дознавме дека по две и пол години, Обвинителството го затворило случајот за незаконското изборно финансирање на оваа партија, кое беше иницирано откако Самоил Малчевски преку „Фокус“ јавно и одлучно демантираше дека во 2006 година, тој и неговото семејство уплатиле преку банка донација од околу 9 илјади евра.

Тоа беше поводот да се сетиме на Загорац Тумбовски, кој пред две години јавно тврдеше дека токму во 2006 година, во неколку наврати давал кеш пари за ДПМНЕ, на рака на Гордана Јанкулоска, за што приложи и каса-прими докази. Од владејачката партија демантираа, но Јавното обвинителство одмолча вадејќи се на низок степен на сомнеж.

Сепак, при фиктивни донатори, лица што негираат дека уплаќале пари, ем лица кои, пак, тврдат дека давале кеш пари за партијата, степенот на сомнеж ни беше доволно висок за интервју со Тумбовски. Дали можеби „донацијата“ заведена во извештајот од Малчевски, всушност е покритие за кешот што го добивала партијата, меѓу другите и од Тумбовски!?

Целиот текст ОВДЕ