Заврши полициската акција во Липковско и Арачиново – МВР денеска со официјални информации

0
873

Полициската акција што ноќеска се спроведувала во скопското село Арачиново и во дел од општината Липково заврши, а од МВР официјални информации за тоа што се случувало синоќа најавуваат за денеска.

Неофицијално, полицијата вршела проверка на повеќе локации по инфомации за присуство на илегална миграција.

Утрово на овој терен е мирно, специјалните полициски сили се веќе повлечени, армиските хеликоптери веќе не го прелетуваат ова подрачје.

Од Министерството за внатрешни работи сè уште нема официјална информација за причините за акцијата. Од таму синоќа само информираа дека е во тек полициска акција. Акцијата се спроведувала и на пограничниот појас со Косово и во реонот на селата Слупчане, Матејче и Арачиново. Била извршена полициска контрола на неколку локации и напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје.