Забрчанец: Излегувањето на СДСМ од „Граѓаните за Македонија“ е логичен чекор, тие влегуваат во Собрание и Влада, нашата задача е да ги набљудуваме институциите а не да бидеме во коалиција со нив

0
2063

По повод денешната вест дека СДСМ излегува од коалицијата со НВО секторот, Мактел направи кратко интервју со Марјан Забрчанец, граѓански активист и неофицијален лидер на коалицијата на НВО организации кои ги има над 70 на број кои беа дел од Граѓани за Македонија кои заедно со СДСМ и другите опозициски партии ги организираа протестите и кампот пред влада ова лето.

Мактел: Господине Забрчанец, како ја коментирате денешната вест која изненади многумина дека СДСМ ја напушта коалицијата Граѓаните за Македонија?

Марјан Забрчанец: Информацијата е точна иако сеуште не е официјална, мој личен став е дека ова е очекуван чекор и е во согласност со досегашните разговори на организациите и СДСМ. СДСМ од први септември влегува во Собрание а од октомври и во Влада, што значи дека во целст е посветена на договореното од Пржино и на институционална борба, тоа значи дека НВО организациите покрај досегашните активистички дејствија сега имаат задача и да го набљудуваат спроведувањето на договореното од Пржино и задачите кои ги презмаа партиите. За да можат невладините тоа да го прават добро мораат да бидат дистанцирани од политичките актери. Затоа излегувањето од коалицијата е логичен чекор. Сега се очекува НВО секторот да ја зголемат својата координација и соработка и да излезат на терен со свои актвности на страна од партиските активности на СДСМ и другите опозициски партии.

Мактел: Како ќе се однесува НВО секторот на следните избори во април?

Марјан Забрчанец: НВО ќе ја потсети јавноста зошто Македонија е во толкава криза, сигурно дел ќе влијае врз побрзо и поквалитетно прочистување на избирачкиот список, и доколку процениме дека подготовката на изборите е во фер услови ќе го повикаме нароодот да излезе да гласа. Нема да им дадеме инструкции како да се гласа, тоа народот сам нека одлучи.