ЖИВОТОТ НЕ МУ Е ЛЕСЕН НА ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ : Додека ние славиме, тој посетува места каде биле масакрирани негови другари од боиштата од 2001-ва!

0
1818

НА МЕСТОТО НА ЗАСЕДАТА КАЈ ВЕЈЦЕ
Осум свежи ружи и осум запалени свеќи во чест на осумтемина загинати македонски херои.

Во војната во 2001 година изгубивме сите. Изгубија сите македонски граѓани. Изгуби Македонија. Но најмногу изгубија тие кои ги загубија своите блиски. Родителите своите синови, децата своите татковци, сопругите своите мажи.

Затоа, од овде, од местото на кое во 2001-та беа убиени нашите соборци, нашите другари, нашите браќа по оружје, повикувам, да не се повтори! Никогаш да не се повтори неизвесноста и пеколот низ кој поминавме ние, македонските бранители. Никогаш да не се повтори неизвесноста и пеколот низ кој помина нашата татковина.

Но, во духот на нашата вера, во духот на Христијанството, на овој голем ден, на Велигден, посакувам конечно помирување и траен мир. Помирување помеѓу нас кои се боревме во 2001-та, помирување помеѓу Македонците и Албанците, но и помирување помеѓу нас Македонците. Освен желбите, за целосно помирување и траен мир се потребни и луѓе. Современи и напредни луѓе кои државата ќе ја водат напред. Заедно напред кон подобра, посигурна и побезбедна иднина. За никогаш да не се повтори.

А вам, херои македонски:

Игор Костески (26)
Роберт Петковски (27)
Бобан Трајковски (28)
Миле Јаневски (30)
Илче Стојановски (24)
Кире Костадиновски (24)
Бошко Најдовски (25)
Марјан Божиновски (27)

Вечна ви слава.