Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“: Изморени сме од политика, ни треба живот сега и веднаш

0
1876

За разлика од компаниите што го ширеа бизнисот во разни области, оваа остана доследна на својата основна дејност – фармацијата. Со постојан раст на производството и со постојан нагорен тренд на извозот, повторно се разликуваше од останатите компании.

Кога инвестираше во нови проекти, никогаш немаше политичари да сечат ленти. Да, и постојано е на пристојна дистанца од политиката. Маркетинг-филозофијата остана доследна – реклама во медиуми со различна уредувачка политика, иако останатите огласувањето го разбираа само како награда за молк.

Ова се само неколку причини зошто Живко Мукаетов е мојот избор за менаџер, ама и личност на годината. Со првиот човек на „Алкалоид“ разговаравме за неговиот пат низ хиерархијата на компанијата, ангажманот во елитното друштво на Млади глобални лидери, за развојот на „Алкалоид“ како општествено одговорна фирма.

За приоритетни области на државно ниво ги истакнува образованието и здравството, кои прописно ги еродираме.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”