ЖЕСТОКА ФЕЈСБУК ТЕПАПЧКА ПОМЕЃУ БРАНКО ГЕРОСКИ И НАСЕР СЕЛМАНИ, ГЕРО КАКО И ОБИЧНО, ПОЧНА ДА СЕ ПОНАША КАКО МАЛО ДЕТЕ И СЕ ЗАКАНУВА СО ТУЖБИ

0
2422
лавниот и одговорен уредник на Слободен печат и на Плус инфо Бранко Геровски се приклучи на кампањата што некои директори на национални телевизии ја водат против ЗНМ поради нашето противење на измените на Изборниот законик, со кои на партиите им се обезбедуваат јавни пари од буџетот да водат политичка пропаганда во медиумите за време на изборни кампањи.

Се потврди тезата дека заробената држава не исчезна со промената на власта. Новата власт ги користи истите методи и практики во однос на медиумите. Преку пари на граѓаните сака да ги корумпира и контролира. На режимот на Груевски осум години не му успеа да ја легализира политилчката пропаганда во медиумите платена со јавни пари, спакувано во рувото на владини реклами, а владата на СДСМ тоа го направи за многу пократко време, зад грбот на граѓаните, крајно злоупотребувајќи го претстојниот референдум за името.
Јас потполно можам да го разберам Геровски зошто тој не може да го разбере ЗНМ зошто е против трошење јавни пари за политичка пропаганда во медиумите за време на изборна кампања. Геровски има конфликт на интереси со прашањето јавни пари во медиумите затоа што весникот каде тој е главен и одговорен уредник пред извесно време oд Фондот за иновации доби над 150 илјади евра за печатница, под превезот за некаква иновативност. Да зборите за иновативност за купување печатница во ерата на дигитализација е своевиден апсурд. Башка што таквата практика на новата власт кон Слободен печат ги дискриминира останатите печатени медиуми во Македонија.

На Геровски не му било јасно зошто ЗНМ било толку против трошењето на јавни пари за политичка пропаганда на партиите во медиумите. Одговорот е едноставен затоа што практиката на режимот на Груевски покажа дека владините реклами имаа директно влијание врз уредувачката политика и инструментализација на најголем дел од националните приватни телевизии. Режимот на Груевски годишно трошеше по седум милиони евра за владини кампањи во стилот ОСМЕЛИ СЕ!
Овие пари Груевски ги истураше во медиумите заради две причини. Првата е да обезбеди токму безплатно политичко рекламирање за време на изборна кампања во највлијателните медиуми. Во последните три изборни циклуси самата ВМРО-ДПМНЕ во извештајот до ДИК наведуваше дека голем дел од медиумите се донатори на партијата. Тогаш кога таквата практика беше пробиена, режимот користеше друга поперфидна тактика. Медиумите што ги добиваа владините реклами пред избори даваа попуст на цените на рекламите од 99 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, додека останатиот еден посто одеше како донација.

Втората цел на Груевски беше да ги прави зависни финансиски најголем дел од медиумите и со тоа да ја контролира уредувачката политика. Медиумите станаа пропагандна машинерија за оддржување на власт и за пресметка со политичките противници. Седумтте милиони евра за владини реклами во вкупниот медиумски пазар од 20 милиони евра, учествуваа со над 40 посто. Ако ова не е влијание и упад на пазарот, не знам што е тогаш влијание.
Тоа што Груевски индиректно плаќаше политичка пропаганда во медиумите со јавни пари, СДСМ сега тоа го прави отворено. Ако ваквата практика продолжи и после референдумот, ќе ги има истите ефекти врз слободата на медиумите што ги предизивикаа владините кампањи на Груевски.
Геровски не знае како ЗНМ градела ставови! Ставовите ЗНМ ги гради на Собрание, на кои се бира претседател, Управен одбор, Надзорен одбор и Совет на чест. На двете изборни собранија, но и на годишните, колегите едногласно ги усвојуваа годишните извештаи за работата на ЗНМ и програмата за работа за идната година.

Ние ставовите не ги менуваме со промената на власта. За нас корупцијата е корупција без разлика кој ја практикува. Геровски со неиздржани ставови сака да не убеди дека ВМРО-ДПМНЕ корумипраше режимски, додека СДСМ демократски.
Ставот против владините реклами, односно јавните пари за политичка пропаганда, изграден во Собрание на ЗНМ може да го промени само Собранието. Оние што посакуваат јавни пари за политичка пропаганда на партиите во медиумите за време на изборна кампања јавно ги повикувам да дојдат на следното Собрание на ЗНМ, кое треба да се одржи во почетокот на декември годинава и нека се обидат да ги убедат моите колеги дека е добро да се трошат јавни пари за политичка пропаганда на партиите во медиумите и дека тие нема да имаат негативно влијание врз слободата на медиумите.

Геровски во немање аргументи за спорење на ставовите на ЗНМ се користи со спинови обидувајќи да ги манипулира новинарите и граѓаните дека ние сме биле против политичко рекламирање во медиуми. ЗНМ не е против политичкото рекламирање во медиуми за изборна кампања, туку е против тоа овие кампањи да се платат со јавни пари. Ако партиите имаат пари од членарина и донации во медиумите нека се рекламираат 24 часа.

Вториот спин на Геровски е дека и други држави во Европа трошеле јавни пари во медиумите, што е точно, меѓутоа спинот е во тоа што тој не кажува кои медиуми се поддржуваат со јавни пари и за што се трошат тие пари. Во Европа, врз недискриминаторска основа и јасни критериуми се трошат буџетски пари за субвенционирање на печатените медиуми, локалните и малцинските медиуми.

Не можам да верувам дека Геровски не знае дека ние како ЗНМ изработивме концепт за субвенционирање на печатените медиуми во Македонија и помогнавме да се формира Здружението на печатени медиуми, кои врз основа на нашиот концепт преговарат со владата за субвенции.
Освен тоа, ЗНМ на владата на писмено и предложи да формира посебен фонд за истражувачко новинарство, со кој ќе се финансираат истражувачки новинари без разлика во кој медиум работат.

Геровски непринципиелно се поставува и во однос на онлајн медиумите. Тој бара некаква регулација, а неговиот Плусинфо се води уште во име на невладина организација, со што предизвикува незадоволство кај другите онлајн медиуми, кои за таа цел основаат фирма. На Геро и на сите неупатени им сугерирам да ја читат анализата на Советот на Европа во врска со практиките за регулација на онлајн медиумите во Европа и ќе им стане јасно зошто ЗНМ е против ваквата регулација.

И на крај, Геро ме повикува да сум објаснел зошто не свикувам седница на Управен одбор. Едноставно, затоа што луѓето се по одмори и чекам да се вратат. Сакам да им дадам можност на сите членови да учествуваат на седницата на Управен одбор. И второ, барање за седница поднеле двајца членови од вкупно 15 члена на Управен одбор, кои случајно имаат исти ставови со директорите на медиумите каде тие работат.

Фејсбук статус на Насер Селмани

Naser Selmani мене не може да ме импресионира – или да ме застраши – со тоа што ќе ги коментира моите ставови од позиција на неговата непостоечка “сила”.

Тоа што човекот ги гради ставовите со странски дипломати, без да ги консултира телата и органите на ЗНМ, без да ги почитува колегите, е негов проблем, а не мој. Јас не сум активен во ЗНМ и се додека здружението е вакво, немам намера да трошам од моето скапоцено време на активности во оваа приватизирана и узурпурана организација.

Но, на некои подметнувања на Селмани, сепак, мора да зд одговори.

Прво, Селмани би требало да знае дека издавач на Плусинфо е здружението на граѓани Член 16, кое е правен субјект како и секој друг. Член 16 е ДДВ обврзник, а речиси сите ангажирани во Плусинфо се редовно вработени, со платени придонеси и со пристојни плати. Нема апсолутно никаква суштинска разлика меѓу функционирање на здружение од такив формат и фирма. Член 16 секоја година плаќа независна ревизија на своето финансиско работење и претседателот на ЗНМ е поканет да изврши увид и самиот да се увери дека ревизиите се беспрекорни. Колегата Насер клевети без основа, како што веројатно научил во империјата МПМ, од каде што потекнува.

Второ, Селмани, како и повеќе други злонамерници, манипулираат со фактот дека фирмата издавач на “Слободен печат” (во која ни јас ни било кој од редакцијата нема удели), доби грант од Фондот за иновации. Ќе го замолам менаџментот на компанијата спрема Насер Селмани да покрене соодветна правна постапка со цел тој да биде принуден да ги повлече своите клеветнички тврдења кон мене и кон редакцијата.

Трето, мене не ми е познато како Груевски ги корумпирал медиумите. Медиумите во кои јас работев не беа во милост на режимот на Груевски. Селмани потекнува од МПМ и веројатно има искуство како е да се биде дел од корумпиран медиум.

Четврто, Селмани безобразно измислува дека сум се приклучил кон нркаква кампања на телевизиите за да се добиеле државни пари за референдумот. Не ми е познато дека се води таква кампања. Не ми е јасно како е можно претседателот на ЗНМ да се служи со вакви безобразни лаги. Јавно ги повикувам Атанас Кировски од Телма, Иван Мирчевски од Канал 5, Васко Ефтов од Алфа и сите други директори на телевизии да кажат дали било кој од нив разговарал со мене на оваа тема. Ма не бре на оваа, на било која тема во последниот месец-два!

На Насер Минхаузен мора да му се каже да престане да лаже и да верува во сопствените лаги!

Конечно, сакам да нагласам дека ставовите на Селмани се во целосна спротивност со европските практики. Претаедателот на ЗНМ е неинформиран за најновите трендови, веројатно не чита стручна литература и се занимава само со интриги и со директиви што ги добива од локални дипломати. Дури се сомневам дека ова последново е точно.

А сето тоа е тажно за човек што треба да ги артикулира интересите на македонските новинари.

Фејсбук статус на Бранко Героски

Prvo ne e tochno deka televiziite vodat bilo kakva kampanja. Naser toa go zakluchi pri eden moj post koga gi komentirav rezultatite od poslednite anketi i otvori dolna polemika, na koja ne sakav niti da vratam. Bidejki ne postoi takva kampanja, smeshno e da se tvrdi deka Gero navodno bil dogovoren da se prikluchi na taa kampanja, ova se obichni izmislici, i navistina e pod chest da diskutirame za vakvi potklavanja. No, da ne moze edna Vlada da vodi informativna kampanja za referendum za chlenstvo vo NATO i EU, poshto toa ne mu se bendisuva na Naser Selmani, e apsurd za koj ne vredi natamu da se komentira.

Фејсбук коментар на Атанас Кировски