Жерновски: Центар ќе забрани градежни активности на Кејот на Вардар

0
1550

Pres-1-640x320

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес конференција информираше дека вчера до Советот доставил одлука со која се забрануваат градежни активности во опфатот помеѓу реката Вардар, улица Вовјвода Васил Аџиларски, улица Димитрија Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија и Камени Мост. Во овој реон спаѓа и Кејот на Вардар. Со оваа одлука до истекот на оваа календарска година, сите градежни активности ќе бидат забранети.Pres-2

Еве што кажа Жерновски на прес конференцијата:

Јас и советниците од нашата коалиција, на ваквиот чекор се решивме откако минатата недела, советот на Град Скопје, одлучи на Кејот да се гради транспортна улица. Ваквата улица целосно би го уништила кејот, би го ограничила движењето на граѓаните, и со нејзино градење би изгубиле еден јавен простор. Со ваквата улица трајно би се сменил изгледот и фунционалноста на Градскиот трговски центар и би го изгубиле едно од најубавите шеталишта во Скопје. Сметам дека веќе премногу јавни простори изгубивме поради градежните авантури на власта, тоа повеќе нема да го толерираме.

Pres-3

Во изминатите денови разговаравме со многу граѓани и внимателно ја следев јавната дебата по ова прашање. Речиси да нема човек кој ја поддржува оваа идеја, која и за мене лично е непромислена и штетна. Јас како градоначалник сум должен да ги употребам сите законски можности да ги заштитам интересите на граѓаните. Забраната за градба ќе остане на сила се додека градските власти не ја променат оваа одлука.

Scan-odlukacentar

Го повикувам градоначалникот на град Скопје, господинот  Коце Трајановски,  да се откаже од идејата за изградба на улица и заедно да застанеме во одбрана на нашиот  Кеј. Предлагам да отвориме јавна дебата во која ќе ги вклучиме засегнатите страни и заеднички да најдеме прифатливо решение за сите. Време е да се врати дебатата за вакви суштински одлуки за кои граѓаните мора да го имаат последниот збор. Јас сум спремен сум за соработка, искрено се надевам дека ќе биде и тој.