Жерновски: Не само што не е откажан, туку референдумот за ГТЦ во недела ќе успее

0
1300

sredba-1-540x304

Отворено и без политика, вака се договорија и разговараа жителите на Кале и Крњево со градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, неговите соработници и директорот на ЈП ПОЦ Саша Богдановиќ. На почетокот Жерновски ги замоли жителите  во недела да излезат на референдумот за ГТЦ.

sredba-3-540x304

„Ова е историски референдум и затоа треба сите да излеземе и да гласаме. Многумина центарци овие денови ме информираа дека некои луѓе, претставувајќи се лажно како архитекти и вработени во Водовод, од врата до врата, Ви кажуваат дека референдумот е откажан. Не само што не е откажан, туку и референдумот за ГТЦ ќе успее“, рече Жерновски.

Тој информираше дека се гласа од 07:00 – 19:00 часот со излегување на истите избирачки места каде што граѓаните гласале на сите парламентарни, претседателски и локални избори.

sredba-4-540x304

Градоначалникот ги информираше дека од мај месец продолжува акцијата Цел Центар на велосипед, а од септември наместо родителите како досега, општина Центар ќе плаќа за обезбедувањето и екскурзиите во основните училишта во Центар и за англиси јазик и физичко воспитување во градинките.

sredba-5-540x304

Легализацијата, игралиштата, урбаната опрема и паркингот беа темите за кои се интересираа жителите на Кале и Крњево. Договорени се средби со општинската администрација за решавање на сите прашања за подобар и поквалитетен живот.