Жерновски: Граѓаните алармираат дека активисти од ВМРО-ДПМНЕ агитираат дека референдум нема да има

0
1152

zernovski

„Низ Дебар Маало, во Градски ѕид и Пролет и попладнево, од врата на врата одат група жени и агитираат да не се излезе во недела на 26-ти април на референдум.

Тие на граѓаните им велат дека референдумот во недела нема да се оддржи бидејќи било јасно дека е нелегитимен“, соопштуваат од Општина Центар.

„Ова на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски му го потврдија и жителите од Градски ѕид со кои вечерва имаше средба. Според граѓаните, оваа група е организирана од општинската организација на ВМРО ДПМНЕ во Карпош.

Денеска, велат жителите во повеќе згради низ Центар, вработени од Водовод, оделе од стан до стан и ги поучувале центарци дека референдум во недела нема да има“, велат од Општина Центар.

Градоначалникот Жерновски вечерва уште еднаш ги повика граѓаните од Центар на 26ти април да излезат и да гласаат за тоа каков ГТЦ сакаат.

„Раферендум на 26-ти април за ГТЦ ќе има и тој ќе биде успешен. Затоа сите во недела да излеземе и да го дадеме својот глас . Се гласа на истите избирачки места каде што своето избирачко право го остварувате на сите досегашни претседателски, парламентарни и локални избори“, рече Жерновски.