ЖЕНИ ЌЕ РАКОВОДАТ СО МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СИСТЕМ: Покрај гувернерката Бежовска, уште две жени, Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернери на НБРМ!

0
1260

Во рамки на 60. седница на Собранието на Република Македонија, на 18 октомври 2018 година, за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија беа именувани м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска, кои по спроведен оглас беа предложени од гувернерката, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Ден потоа, пред стапувањето на функцијата, тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, г. Талат Џафери.

НБРМ изразува задоволство што и овојпат, Собранието на Република Македонија, без ниту еден глас против, и без ниту еден воздржан, застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка. Само таквата, препознаена определба го гарантира континуитетот на успешното водење на монетарната политика и развојот на севкупното централнобанкарско работење во нашата држава.