Жарко Јорданоски: Се најавува „ердоганизација“, или грешам?

0
1645

Колку што можам да дешифрирам од последните постапки и изјави, планот на Груевски е опасен и пеколен: предизвикување конфликт и политичка криза, односно создавање вакуум на моќта, со тоа што никој нема да може да формира влада. Тој веќе има пресметано дека тоа нема нему да му успее и со ДУИ и без неа, па проблемот е како да се осуети тоа да го направи некој друг. Затоа е одлуката да не се оди на прегласување, не поради резултатот. Непризнавање на изборите му е потребно како вовед за вонинституционално делување. Сето тоа проследено со улична бруталност, диригирана преку партиските канали.

Крајната цел е воведување вонредна состојба, за која уште еднаш ќе биде употребен Иванов, под изговор дека земјата мора да има влада, а таа не може да се формира. Тоа би му овозможило владеење со оваа влада како вонредна, со акти и директиви, што отвора пат за целосна „ердоганизација“ на земјата. Потезите уште сега ги најавува – атак врз сите негови противници и непријатели, почнувајќи од граѓанскиот сектор, опозицијата, пресметка со СЈО, Шарена револуција, критички медиуми и. тн. Тоа нужно води кон целосно раскинување со странските фактори, со ЕУ и НАТО плановите, самоизлоација или вртење кон „евроазиски“ партнерства за алтернатива.

Напомнувам дека немам никакви „инсајдерски“ информации, брифинзи или слично, ова се заклучоци од анализа на ситуацијата. Сите сигнали за ова ги гледам на сите страни, но не знам дали е тоа план „а“, „б“, „це“, или слично, но очигледно постои. Прашање од милион долари е што може да се направи против тоа.

Фејсбук статус на Жарко Јорданоски