Марјане, овој пат, граѓаните одлучуваат!

0
2053

Со презентација на реализираните проекти, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и официјално ја започна кампањата за нов, четврт по ред градоначалнички мандат.

И оваа кампања ја започна со неговата добро познатата парола “јас градев”.

Добро е што градоначалникот ги наброил проектите кои ги реализирал. Со тоа прилепската опозицијата ја има можноста на своите сограѓани да им покаже колку украл од секој реализиран проект од наброените, колку од неспоменати во отчетот, со што ќе им ја долови сликата што сѐ можел досегашниот “татко на градот“ да направи со украдените пари од општинскиот буџет.

Прилеп стои пред предизвикот да избере локална власт која ќе продолжи да ги “храни“ своите жители со прескап популизам за сметка на оскудниот животен стандард, или да избере нова власт над која ќе има контрола во трошењето на нивните пари и која ќе им понуди реалност наместо фикција.

Овој пат, граѓаните одлучуваат!

Фејсбук статус на адвокат Жарко Стеваноски