Жаре Стеваноски се огласи по повод изборот на СДСМ, Јовановски да биде кандидат за Прилеп

0
2358

Почитувани пријатели,

нашиот сопартиец Илија Јованоски е кандидатот за градоначалник на Прилеп со кој Општинската организација на СДСМ ќе излезе на локалните избори на 15 октомври. Со надеж дека ќе извојува победа и ќе го спречи Марјан Ристески да дојде до четвртиот мандат, на д-р Јованоски му го честитам изборот и му посакувам успех на локалните избори.

Со оглед на тоа што бев еден од кандидатите во внатрепартиската трка за кандидат за градоначалник, сакам да кажам дека како и секогаш досега, со целиот свој капацитет и нему и на партијата им стојам на располагање.

Истовремено, драги пријатели, би сакал на сите вам да ви се заблагодарам на огромната поддршка која во изминатиот период јавно ми ја искажувавте. Борбата која на локално ниво ја водев со структурите на ДПМНЕ беше во насока на разобличување на нивното 12 годишно криминално владеење, со крајна цел сегашното општинско раководство да одговара за сторените недела а Прилеп да стане подобро место за живеење.

Раководството на мојата партија сметаше дека Јованоски е подобар кандидат од мене. Јас ќе ја почитувам таквата одлука и ќе продолжам да го работам она што го започнав пред 3 години.

Уште еднаш, на сите вас најискрено и од срце ви благодарам што за целото тоа време бевте со мене. Горд сум што Ве имам за пријатели!

Фејсбук статус на Жаре Стеваноски