Ерол Ризаов ЕКСПЛОДИРА, распука по режимскиот крмак: Познатиот скопски измамник Миленко Неделковски со години ја одработува својата слобода како ЛЕШПЕР кој ги извршува највалканите работи за неговите ослободители!

0
1859

Познатиот скопски измамник Миленко Неделковски, кој е осуден поради измама на 23 граѓани на Македонија во износ над 160.000 долари ветувајќи им американски иселенички визи, и кој оваа власт го ослободи да не лежи ниту еден ден во затвор освен притворот, со години ја одработува својата слобода како лешпер кој ги извршува највалканите работи за неговите ослободители. Наместо да лежи во Идризово за тешка измама за која многу помали криминалци од него со години ги отплатуваат гревовите, тој преку ТВ Канал 5, преку радио Слободна Македонија, преку порталот Курир и социјалните мрежи дели лекции за морал, за патриотизам, за новинарство….

Државниот врв, кој е чест гостин на неговите емисии го наградува штедро својот миленик Миленко со пари на граѓаните. Но и со државно земјиште со баснословна вредност од 100 хектари каде измамникот чува коза и пол и куче и пол на еден хектар. Покрај лажните американски визи кои нанесоа големи несреќи на сиромашни македонски граѓани одземајки им го со измама тешко стекнатиот имот, а со тоа и надежта дека еден ден ќе стасаат до Америка, Миленко е познат и по серија други измами како организирање на томболи во некогашното кино Вардар, продажба на автомобил на своја колешка од МТВ чии пари од продажбата никогаш не ги платил, како и други кримнинали од фудбалското подземје.

Покрај глорификацијата на власта, чиј легитимитет е сомнителен и е предмет на истрага, негова специјалност се трескање на планетарни глупости за тоа како Миленко ја соборува теоријата на Дарвин и неговите епохални откритија дека од мајмун не може да стане човек, ама од човек може да стане мајмун за три минути зборување глупости прку медиумите. Земјата е плоча секогаш па и денес е добредојдена теза за инквизицијата. Миленко би ги палел на клада луѓето кои веруваат дека земјата е тркалезна и се врти околу сонцето.

Прекрасна е оваа демократија што би рекол познатиот филозов Славој Жижек сите гомна излегуваат на површина и се гледаат.

Миленко, една бездарна црна фигура во македонскиот осакатен журнализам, се определи покрај политичко профитество активно да се занимава со откривање на непријатели, предавници, странски платеници и соросоиди меѓу новинарите кои сè уште успеваат да работат професионално и според етичките стандарди. Додека беше мала гнида во новинарството колегите кои беа навредувани не му обрнуваа внимание, сега гледам кога стана монструм и кога отворено повикува на линч и со јазик на омраза ги жигосува најдобрите новинари и медиуми во земјата и ја труе човековата околина, тие што им беше под честа да се бават со феноменот Миленко сега откриваат какви се последиците од една ваква креатура во занатот.

Миленко по кој знае кој пат повторно ми се нафрли со обид да ме компромитира со измислици. Миленко пишува дека во Предејане цела редакција на Нова Македонија со Панде Колемишевски на чело го преправала мојот текст кога сум известувал од 14 когрес на Сојузот на комунистите при распаѓањето на Југославија.

Абе Миленко Дибек еден прашај го Панде Колемишевски ќе ти каже ако има образ и намус дека јас не сум известувал ниту од 14, ниту од било кој конгрес на Сојуз на комунисти на Југославија. Никогаш не сум бил во Предејане со Панде Колемишевски заедно и никогаш не бил преправан мој текст во Предејане. Колемишевски е жив и здрав се надевам ќе каже кои мои текстови редактирал и каде. Дали тие со критики на владините политики на Бранко Црвенковски за да се ублажат, или извешати на Сојузот на комунисти. Што се однесува до мојата преголема љубов кон комунистите, го упатувам Миленко на сведоштвото на Јаков Лазаревски, претседател на Сојузот на комунисти, објавено во книга, при што наведува дека Ерол Ризаов ја одбил понудата да биде члн на ЦК што колку што ми е познато е редок случај, ако не и единствен. Веројатно тоа сум го направил од преголема љубов кон комунистите и од кариеризам.

Ете така македонската новинарска брука Миленко бедно и срамно си ја одработува слободата. Ем краде, ем лаже.

Фејсбук статус на Ерол Ризаов