Ермира Мехмети: Снимките кои се објавија на Јутјуб се монтирани за политичка уцена

0
1783

Пратеничката Ермира Мехмети денеска го повика Специјалното јавно обвинителство да поведе постапка во врска со снимка од приватен телефонски разговор кој неодамна се појави на Јутјуб, а за кој се тврди дека е меѓу вицепремиерот Муса Џафери и Мехмети.

– Станува збор за монтирани снимки кои се користени за политичка уцена уште од јануари. Јас дадов исказ во Јавното обвинителство да го истражува случајот, а го повикувам и Специјалното Обвинителство да поведе постапка, изјави Мехмети за НОВАТВ.