Ермира Мехмети: Кога се напаѓа еден пратеник, се напаѓа еден народ

0
1316

Кога се напаѓа еден пратеник, се напаѓа еден народ. Во секоја напредна нација, нападот врз еден пратеник ја добива најсилната казна. Собранието, како дом на суверенитетот реагира, а државните органи работат да го осветлат настанот.

Но, во недемократските општества, во кои партијата ја држи целата држава во раце, а Собранието е само орган на извршување наредби на партијата, нападите врз пратениците се премолчуваат, не се казнуваат и не се наоѓаат сторителите на делоито.

Народот се плаши од казната на партијата, медиумите се плашат од губење на рекламите, а аналистите не сакаат да се измешаат во конфликтот, затоа што подобро им е да се со повеќето, отколку да бидат нападнати од партијата. Така се случува на еден пратеник му се крши автомобилот и не реагира никој, друг пратеник е нападнат надвор од локал и никој не се повикува на одговорност… некој ден некој пратеник може да биде убиен, и повторно никој нема да одговара…

Ова е основниот показател дека едно општество не е ниту слободно, ниту демократско. Во меѓувреме, лидерите го продолжуваат рефренот, сега веќе и досаден и научен напамет за ‘стандардите и реформите’, а немаат одговор за тоа кој стои зад црната рака што напаѓа пратеници.

Нападнатиот народ за нив има само една порака: Добро ќе беше да се даде одговор на овие сериозни проблеми, а за реформите, ни останува уште многу да се надеваме.

Ермира Мехмети, фејсбук статус