Ермира Мехмети: ДУИ се ниша!

0
2317

-Јас верувам дека вие гледате што се случува, ДУИ се ниша, некои поранешни неслучајни колеги, основачи на партијата, високи функционери, веќе ја напуштија партијата и напаѓаат со не така лесен политички арсенал кон ДУИ, рече пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети во последното интервју на телевизија Алсат.

Сепак, таа верува дека ќе се случи реформа во нејзината партија, а наредните шест месеци се клучни за тоа.

-Ова се тие шест месеци во кои треба да видиме една нова енергија, нова динамика, реконцептуализација, не е срамно да речеме, политичка понуда која ќе ги привлече, нема да ги измами, туку што ќе направи граѓаните Албанци да ја повратат довербата дека тоа е онаа ДУИ која знае и може, изјави Мехмети.

Доколку ДУИ не се реформира, Ермира Мехмети најави дека ќе си замине од партијата. Но, пред тоа да се случи, ќе остави одреден период, бидејќи, како што изјави претходно, не сака така лесно да се откаже од ДУИ.